24фудбал

Шалке 04 на Твитер: Како ли Тереза Меј би се одбранила против Лерој Сане? (ФОТО)

Германскиот клуб синоќа доживеа дебакл од мошне силниот и доста мотивиран состав на Пеп Гвардиола, меѓутоа Бундеслигашот во текот на мечот беше доста интересен во своите објави на Твитер.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити му нанесе тежок пораз на Шалке 04 на реванш пресметката во осминфиналето од Лигата на шампионите, Премиерлигашот најпрво славеше на гостински терен со 2-3, а дома го прегази својот противник со 7-0.

Легендарниот Гери Линекер во текот на пресметката на социјалните мрежи прокоментира дека со ова темпо, Шалке би можел да доживее пораз каков што доживеа Тереза Меј, премиерката на Велика Британија на денот на гласањето за Брегзит, каде загуби со неверојатни 149 гласови.

Би сакал да видам како Тереза Меј би се одбранила против Лерој Сане“ му одговори Бундеслигашот на објавата на Линекер, мислејќи на својот поранешен фудбалер кој постигна еден гол, а притоа реализираше и дури три асистенции.

И тоа не е се’, Шалке 04 имаше и останати урнебесни објави во текот на реванш пресметката со Сити...



(HT) #s04 #MCIS04 pic.twitter.com/JGw8oiuUIO

— FC Schalke 04 (@s04_en) March 12, 2019



(57') #MCIS04 4-0 pic.twitter.com/3iXZGXDCem

— FC Schalke 04 (@s04_en) March 12, 2019