24фудбал

Бернардо Силва ја продолжи верноста со Сити, потпиша до 2025. година

Англискиот првак ги реши сите дилеми околу иднината на Португалецот кој игра во фантастична форма, за него стигна и наградата за одличните изданија во дресот на Манчестер Сити.

Англија

Бернардо Силва ја продолжи верноста со англискиот првак Манчестер Сити откако денес стави потпис на долгорочен договор со Премиерлигашот со кој се обврза на верност до 2025. година, ова е за дополнителни три години, откако довчерашниот договор му важеше до 2022. година.

Португалецот стана 11-тиот фудбалер кој го продолжи договорот со Манчестер Сити од јануари 2018. година па наваму, а Дејли Мејл пишува дека Бернардо Силва ќе заработува околу 150,000 фунти неделно, што воедно е награда за одличната форма во која се наоѓа.

Ова е голема чест за мене, клубот ги нуди едноставно сите услови кои му се потребни за еден фудбалер да бележи развој, не постои друго место на кое би сакал да се наоѓам во моментов отколку тука“ рече Бернардо.

Веднаш штом дознав дека Сити посакува да ме задржи на подолг рок, моите мисли веднаш беа да прифатам, го сакам овој клуб, тренерот, моите соиграчи и секако навивачите. Стилот на фудбал кој го негуваме ме воодушевува“ додаде 24 годишниот офанзивец за кого интерес постоеше од Реал Мадрид.