24фудбал

Англиска доминација во ЛШ каква што не се случила во последните десет години

Англичаните ќе имаат четири од осумте екипи во четвртфиналето од Лигата на шампионите, после долго време имаат доминација над шпанските екипи.

Лига на Шампиони

На ред е четвртфиналето од Лигата на шампионите а ниту една англиска екипа не доживеа елиминација, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Тотнем остануваат во борба за големиот трофеј.

Последен пат четири англиски екипи во четвртфиналето на Лигата на шампионите имало во сезоната 2008/09.

Има еден интересен момент кој не им одговара на Англичаните, таа сезона 2008/09 кога тие имале четири претставници во четвртфиналето, Барселона триумфирала во Лигата на шампионите. 

Каталонците се единствениот претставник на Шпанија што остана, па би било поразително за Англија ако се случи реприза на сезоната од пред десет години.

Покрај англиските екипи и Барселона, во петочната ждрепка се и екипите на Јувентус, Ајакс и Порто.