24фудбал

Меси: Роналдо беше импресивен

По денешниот меч против Лион, Лео Меси имаше пофалби и за Кристијано Роналдо кој синоќа му донесе голема победа на Јувентус над Атлетико Мадрид.

Лига на Шампиони

Барселона убедливо го победи Лион со 5-1, а Меси учествуваше во четири погодоци, даде два гола, имаше две асистенции. Аргентинецот одигра уште една брилијантна партија.

„Не ни беше сеедно кога Лион намали на 2-1, си ги искомплициравме работите од тој прекин, но не направија ништо по тој момент, ние дадовме гол за 3-1 и повторно ја смиривме ситуацијата“, вели Меси.

„Од самиот почеток сакавме да ја играме нашата игра, ја движевме топката најдобро што можеме, по 3-1 се отвори многу простор за нас и беше полесно да се заврши мечот“.

Многу честа е дебатата кој е подобар, Меси или Роналдо. Иако му е ривал, Аргентинецот упати големи пофалби за Кристијано.

„Тоа што го направија Кристијано и Јувентус беше импресивно. Мислев дека Атлетико ќе биде посилен, но Роналдо имаше магична ноќ со трите гола“.

Меси нема фаворит во ждрепката, вели дека најтешкото допрва следува и тие треба да бидат подготвени.

Сите противници се комплицирани, пример Ајакс покажа дека е тим од млади момци кои не се плашат од никој. Ние мора да се подготвиме за најтешкото кое следува“.