24фудбал

Клоп вели дека ќе го гледа првиот гол на Мане 500 пати! Во случај да сте го пропуштиле, ова е мајсторијата на Сенегалецот (ВИДЕО)

Садио Мане со два гола на Алианц Арена го однесе Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите, за првиот гол на Сенегалецот долго ќе се зборува.

Лига на Шампиони

„Црвените“ со 1-3 триумфираа на гостувањето во Минхен и демонстрираа дека и оваа година можат да одат до крајот во Лигата на шампионите. Еден од најзаслужните за победата е Садио Мане, кој два пати се запиша во листата на стрелците, а првиот гол на Сенегалецот е еден од најубавите оваа сезона во ЛШ.

Мане покажа извонредна контрола по една долга топка на Вирџил ван Дајк, за потоа со одлична финта да се ослободи од Мануел Нојер, да го испрати голманот во празно и мајсторски да ја затресе мрежата на Баерн за 0-1.

По крајот на натпреварот, Јирген Клоп рече: „Она што го сторивме едноставно е брлијантно, головите кои ги постигнавме беа фантастични“.

„Првиот гол (на Мане), сигурно ќе го гледам едно 500 пати!“