24фудбал

Не беше само Симеоне, Роналдо се „пресмета“ и со фановите на Атлетико, по третиот гол им велеше: Ку*вини синови! (ВИДЕО)

Камерите на емисијата „Вамос“ го уловија Кристијано Роналдо како упатува навредливи зборови кон навивачите на Атлетико Мадрид, кога го прослави голот за 3-0, ЦР7 ги нарече „ку*вини синови“.

Лига на Шампиони

На враќањето во Мадрид, Кристијано Роналдо доби жесток пречек, навивачите на Атлетико цел натпревар го навредуваа Португалецот. Јувентус загуби со 2-0, ЦР7 беше неприметлив на Ванда, па радоста на домаќините беше огромна.

Сепак, Кристијано Роналдо блесна на реваншот, постигна хет-трик и ја однесе „Старата дама“ во четвртфинале. Па напаѓачот им врати мило за драго на „колчонероси“.

По последниот свиреж тој ја копираше фамозната прослава на Диего Симеоне од првиот меч, и покажа дека има „големи мад*ња“. Но не беше само Чоло, камерите на емисијата „Вамос“ го уловија Кристијано Роналдо како се „пресметува“ и со навивачите на Атлетико.

Откако го реализираше пеналот за 3-0 во финишот од мечот, ЦР7 и сограчите прославуваа во близина на трибината на која беа фановите на Атлетико. Па Португалецот имаше што да им каже и ги нарече „ку*вини синови“.