24фудбал

Ванда: Нема да замолчам, ќе продолжам да го зборувам тоа што го мислам

Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара нема намера да замолчи по критиките дека со тоа што многу зборува влијае негативно на кариерата на напаѓачот.

Италија

Многумина сметаат дека токму Ванда Нара е причината поради која Икарди има непријатности во кариерата. Нејзините ставови кои ги искажува на социјалните мрежи му пречат на нејзиниот сопруг. Но таа нема намера да запре.

„Ќе продолжам да го кажувам тоа што го мислам“, вели Ванда.

„Знам дека светот е малку тежок за жена, но ќе продолжам да ги искажувам работите кои ги мислам, за кои јасно е дека некои луѓе се сложуваат, некои не“.

„Јас сум мајка на пет деца, две од нив се девојки и се надевам дека моите мали девојки ќе најдат мажи како мојот сопруг кои ме брани иако е толку млад“.

„Не се согласуваме секогаш за се, но тој ме слуша. Јас работам од дете. Жената мора секогаш да биде жена, таа мора да работи и да биде независна. Токму такви сакам да бидат моите ќерки“.