24фудбал

Проблеми за Барселона, Дембеле во аут поради повреда

Усман Дембеле повреди бутен мускул на вчерашниот дуел против Лион на кој постигна и гол.

Шпанија

Офанзивниот фудбалер на Барселона, Дембеле ќе биде надвор од терените помеѓу три и четири недели поради повреда на бутниот мускул. Ваквата информација е потврдена од клубот.

Дембеле синоќа во игра влезе од клупата и постигна гол во победата на Барселона над Лион од 5-1.

Тој ќе ги пропушти натпреварите против Бетис, Еспањол, Виљареал а веројатно и дербито против Атлетико Мадрид. Под знак прашалник ќе биде и за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на 10. април, но сигурно би требало да биде подготвен за реваншот.