24фудбал

Мурињо го прокоментира враќањето на Зидан во Реал и откри дали е разочаран што не ја доби работата

Жозе Мурињо смета дека одлуката на Реал Мадрид да го именува Зинедин Зидан за нов тренер е перфектна и вели дека не е разочаран поради тоа што тој не успеа да ја добие работата.

Шпанија

Срамната елиминација од Ајакс во Лигата на шампионите, која беше трет пораз за Реал Мадрид во седум дена, значеше дека деновите на Сантијаго Солари на кормилото на првиот тим се одбројани. Аргентинецот ги предводеше „кралевите“ и против Ваљадолид, но веќе следниот ден беше разрешен и на негово место беше именуван Зинедин Зидан.

Одлуката на Реал Мадрид да го врати Французинот, кој си поднесе оставка пред девет месеци, сега ја прокоментира Жозе Мурињо.

„Мислам дека потегот е перфектен, Зидан заврши фантастична работа изминатите неколку години. Одлуката е перфектна, перфектна за Мадрид и перфектна за него, бидејќи добива голема шанса да покаже колку вреди со еден нов проект. Му посакува нему и на Реал се најдобро во иднина“ – вели Португалецот.

Жозе Мурињо исто така беше споменуван како опција, се говореше дека Флорентино Перез преферирал да го ангажира „специјалниот“ но под притисок на лидерите во соблекуваната, вклучувајќи го и капитенот Серхио Рамос, првиот човек на Реал на крајот го одбрал Зинедин Зидан.

Запрашан дали е разочаран што не ја добил работата, Португалецот вели: „Не, зошто да бидам разочаран? Никогаш не кажав дека сакам да се вратам во Реал. Ви велам, ова е перфектна одлука за Реал, перфектна за Зидан и перфектна за мене“.

Запрашан дали добил обајснување од клубот за изборот, Мурињо додава: „Не. Никој не треба ништо да ми објаснува. Зошто да ми објаснуваат?“