24фудбал

Умтити „жртва“ во интересот на Барса за Матијс де Лигт

Младиот и суперталентиран фудбалер на Ајакс има важечки договор со холандскиот прволигаш и овосезонски четвртфиналист во Лигата на шампионите до 2021. година, што веројатно е олеснителна околност за клубовите кои се заинтересирани за него.

Шпанија

Барселона е подготвена да го продаде Самуел Умтити претстојниот летен преоден рок за да дојде до потписот на дефанзивецот од Ајакс, Матијс де Лигт, пренесува Калчомеркато.

Умтити пропушти цели пет месеци од актуелната сезона поради повреда но за него се вели дека е еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот.

Францускиот репрезентативец, кој пристигна на Камп Ноу пред три години од Лион, имаше одлична соработка со Џерард Пике во дефанзивната линија на Каталонците, кои извесно е дека ќе го стават на листата на фудбалери за продажба на лето.

Одредени медиуми пренесоа дека доколку се случи Матијс де Лигт да се пресели на Камп Ноу, следната дестинација за Умтити би била Манчестер јунајтед.

Сепак, вреди да се додаде дека интерес за 19 годишниот капитен на Ајакс веќе пријави и ПСЖ, па сигурно на Каталонците воопшто нема да им биде лесно во обидите да стигнат до неговиот потпис на лето.