24фудбал

Знаете ли за кого навивал Пјонтек во своето детство?

Младиот полски напаѓач за Тутоспорт откри детали од своето детство, односно, за кој фудбалски тим навивал и издвои двајца фудбалери од тој клуб на кој им се восхитувал.

Италија

Напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек кој е инвестиција вредна богатство за тимот од Милано, барем според неговите изданија од самиот потпис за Росонерите досега, откри некои досега непознати детали од неговото детство.

Полскиот интернационалец призна дека бил огромен навивач на Арсенал во помладите години, ги издвои Тјери Анри и Денис Бергкамп како омилени од таа шампионска генерација на Топчиите, а додаде дека бил голем обожавател на играта која ја негувал Арсенал под водство на Арсен Венгер.

Јас бев голем навивач на Арсенал, израснав навивајќи за тој клуб“ откри Пјонтек во изјава за Тутоспорт.

Премногу ми се допаѓаше стилот на игра кој Арсен Венгер го негуваше во Арсенал, им се восхитував на шампиони како Тјери Анри и Денис Бергкамп“ додаде 23 годишниот полски напаѓач кој досега постигна шест погодоци на седум настапи во Серија А, предводејќи го Милан до третото место засега на табелата.