24фудбал

Супердепорте: Зарем треба да има дилема во Леванте по ова прашање... (ФОТО)

Леванте е мошне близу до опасната зона за испаѓање од шпанското елитно фудбалско друштво, а Супердепорте пишува дека во тимот од Валенсија не треба да има никаква дискусија по едно прашање во играта на истата екипа.

Македонија

Леванте има доста негативна низа од три порази во серија, а последниот на домашен терен од Виљареал го вклучи алармот во тимот од Валенсија кој е на само пет бода од опасната зона за испаѓање од шпанската Примера.

23 годишниот македонски репрезентативец од редовите на Леванте, Енис Барди веројатно не може ништо повеќе од ова да стори, а тој досега постигна само еден гол сезонава во своите досегашни 26 настапи.

Супердепорте пишува дека на Леванте му е потребен Енис Барди, а во веста наведе дека воопшто не треба да има никаква дискусија по прашањето во тимот за тоа кој да ги изведува слободните удари, иако во изминатиов период покрај Барди, таа улога ја имаат и Рокина и Кампања, кои статистички се далеку од учинокот на Македонецот.


Не постои простор за дебата, нема никакви дилеми за прашањето кој да ги изведува слободните удари за Леванте, тоа треба да биде Енис Барди“ пишува Супердепорте.

Барди е најдобриот изведувач на слободните удари во таа екипа, неговата статистика го докажува тоа, иако нема постигнато гол од 6 октомври, но, постојано е голема опасност кон противничките голови од прекините“ додава истиот медиум.

Македонскиот интернационалец е еден од 17те фудбалери во Примера кои имаат 18 директни удари кон головите од вкупно 19 обиди, само петмина имаат подобар учинок во лигата“ заклучува Супердепорте.

Супердепорте воедно и графички ја прикажа статистиката, а ги спореди Рубен Рокина и Хозе Кампања, а статистиката потврдува дека не треба да постои никакви дилеми во редовите на Леванте за тоа кој да биде главниот изведувач на прекините.