24фудбал

Бекенбауер: Клоп во Баерн Минхен...

Легендата на германскиот и светски фудбал, како и поранешен претседател на Баерн Минхен, не ја отфрла можноста Клоп еден ден да го преземе кормилото на Баварците.

Германија

Германскиот фудбалски стратег од кормилото на Ливерпул, и покрај поврзаноста со Борусија Дортмунд, би требало да биде тренер на Баерн Минхен еден ден, смета Франц Бекенбауер, поранешниот претседател на Баварците и легенда на германскиот и светски фудбал.

Иако одигра без голови на првиот меч во Англија, Баерн Минхен не го искористи домашниот терен синоќа на реваншот против Ливерпул и загуби со 1-3, со тоа што доживеа елиминација уште во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Бекенбауер смета дека Клоп би бил идеален тренер за Баерн Минхен, а тој претходно освои две титули во Бундеслигата предводејќи го ривалот на Баварците, Борусија Дортмунд.

„Јирген Клоп во Баерн Минхен, тоа би било нешто прекрасно, тој е човекот што ги научи Германците како да играат брз фудбал“ рече Бекенбауер во изјавата за Скај Германија.

Голем е притисокот врз Нико Ковач кој извесно е дека по крајот на актуелнава сезона ќе го напушти кормилото на Баерн Минхен, а на истата позиција ќе седне позвучно тренерско име.