24фудбал

Овен има еден фаворит за титулата во ЛШ: Би било убаво овој трофеј да се врати во Англија

39 годишниот поранешен англиски репрезентативец смета дека е дојден вистинскиот момент титулата од Лигата на шампионите да се врати на Островот, сега има убава можност за такво нешто откако дури четири англиски екипи се изборија за место во четвртфиналето.

Лига на Шампиони

Мајкл Овен во интервју за Марка ги коментираше последните случувања во Реал Мадрид, чиј клуб тој е поранешен член, а поранешниот англиски напаѓач подвлече дека ова е разочарувачка сезона за шпанскиот гигант, потоа додавајќи дека е среќен поради враќањето на Зидан на клупата на таа екипа.

Англичанецот подвлече дека постојат само десет фудбалери во светот кои можат да играат во дресот на Реал Мадрид, според бараните стандарди на шпанскиот гигант, а говорејќи за овосезонската Лига на шампионите, каде Кралевите беа запрени од Ајакс уште во осминафиналето, го наведе Манчестер Сити како главен фаворит, со оглед на тоа, барем според неговите зборови, неговиот поранешен клуб Ливерпул е силно фокусиран на титулата во Премиерлигата.

Убеден сум дека титулата во Лигата на шампионите ќе биде освоена од некоја англиска екипа оваа сезона. Се чини дека Ливерпул е повеќе фокусиран на освојувањето на титулата во Премиерлигата, а навивачите дефинитивно го преферираат тоа отколку Лигата на шампионите“ рече Овен.

Манчестер Сити ја освојуваше Премиерлигата во изминатите години, а сега е време за Лигата на шампионите, би било навистина убаво овој трофеј да се врати во Англија“ рече поранешниот напаѓач на Реал Мадрид кој играше во дресот на Кралевите во сезоната 2004/05, постигнувајќи 13 погодоци на 25 натпревари.

Ливерпул, Тотенхем, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед се екипите од Англија кои изборија место во четвртфиналето од Лигата на шампионите оваа сезона, практично сите екипи од Островот се најдоа помеѓу осумте најдобри во Европа.