24фудбал

Како ли реагирале кога го виделе авионот: Шок за стотина навивачи на Шалке 04 на враќањето од Англија (ФОТО)

Малку им беше дебаклот од шампионот на Англија, па мораа да бидат шокирани и од изгледот на авионот со кој се превезуваа на враќањето кон својата земја.

Германија

Шалке 04 доживеа дебакл на гостувањето кај Манчестер Сити во реванш пресметката од осминафиналето од Лигата на шампионите, откако Германците загубија со убедливи 7-0, а дома претходно беа поразени со 2-3.

Бундеслигашот имаше голема поддршка на дел од трибините на Итихад арената, голема бројка фанови на тимот од Гелзенкирхен имаше на трибините, со свои очи гледаа како голот на нивниот тим се полни како никогаш досега, а дел од нив доживеаа и шок на враќањето кон својата земја.

Дервештен пренесе дека стотина фанови на Шалке 04 биле непријатно изненадени на аеродромот во Манчестер откако морале да се качат на авион кој на себе имал обележја на Борусија Дортмунд, клуб кој инаку е најлутиот ривал на тимот од Гелзенкирхен.