24фудбал

Англичаните само еднаш имале ваква доминација во Европа и тоа речиси пред половина век

Челси и Арсенал денеска изборија пласман во четвртфиналето од Лига Европа и ја потврдија импресивната сезона за англиските клубови во големите континентални натпреварувања.

Англија

Челси денеска буквално го здроби Динамо Киев со 5-0 на негов терен, а Арсенал со 3-0 го совлада Рен. И двете лондонски екипи се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.

Претходно пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите обезбедија Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Тотнем.

Ова е втор пат во историјата да има шест англиски тимови во четвртфиналињата од големите европски натпреварувања во една сезона. Претходно тоа само се случило во 1970-71.

Англичаните се импресивни засега, останува да видиме дали ќе успеат да донесат некој од европските трофеи во својата земја.