24фудбал

Динамо Загреб не издржа во Лисабон, вистинска драма во Прага и елиминција на Севиља (ВИДЕО)

Динамо Загреб со предност од 1-0 отпатува во Португалија, но таму загуби со 3-0 и го завршува настапот во Европа, Севиља доживеа елиминација во Прага во меч со исклучително драматичен крај.

Лига Европа

Динамо Загреб без капитенот Аријан Адеми кој се рехабилитира од операција, долго време одолеваше на нападите на Бенфика. Конечно отпорот на загрепчани го скрши Жонас во 71. минута со гол на 16 метри.

Со водство на Бенфика од 1-0 завршија регуларните 90 минути, идентично како и на дуелот во Загреб па се премина кон продолженија.

По само четири минути игра во продолженијата Феро даде убав гол од далечина за водство на португалскиот тим од 2-0, со овој резултат Бенфика одеше во четвртфиналето.

Пред самиот крај на првото продолженија, уште еден гол од далечина, овој беше најубав, а реализатор е Грималдо за конечни 3-0.

Вистинска голеада имаше во Прага каде со гол во 120. минута Славија ја победи Севиља со 4-3 и го елиминираше шпанскиот клуб од Лига Европа.

Натпреварот во Андалузија заврши 2-2, истиот резултат гласеше и по 90 минути игра во Чешка. Славија два пати бодеше, Севиља изедначуваше. Натпреварот отиде во продолженија.

Во 98. минута со гол на Васкез, Севиља поведе со 3-2, во тие моменти се чинеше дека Шпанците се спсија и тие ќе играат во четвртфиналето, но не беше така.

Славија Прага во 102. минута го изедначи резултатот на 3-3, а буквлно на една минута до крајот даде гол за 4-3 и пласман во четвртфиналето од Лига Европа.