24фудбал

Почнаа со заговорите, на социјалните мрежи откриена ждрепката за Лигата на шампионите?! (ФОТО)

УЕФА утре ќе ги одреди паровите за четвртфиналето во Лигата на шампионите, па слично како и во минатото, на социјалните мрежи се појавија заговори дека ждрепката е наместена.

Лига на Шампиони

Речиси секогаш кога има ждрепка за Лигата на шампионите или некое друго големо фудбалско натпреварување под капата на УЕФА, се појавуваат теориите на заговор дека извлекувањето е наместено и дека се користат топли и ладни топчиња.

Утре европската куќа на фудбалот ќе ги одреди паровите за четвртфиналето од најелитното европско натпреварување, а на социјалните мрежи вечерва еден корисник пишува дека „протекла“ ждрепката и објави лист на кој е испринтано логото на Лигата на шампионите и четирите пара.

Според овој документ, Ливерпул ќе се сретне со Ајакс, Јувентус ќе го добие за противник Порто, Манчестер јунајтед ќе ги одмери силите со Тотнем, а Пеп Гвардиола со Манчестер Сити ќе излезе на мегдан против својот поранешен клуб Барселона.

Тешко е да се поверува дека ждрепката навистина е наместена, секој може да испечати ваков документ и на социјалните мрежи да вели дека е од УЕФА.

Останува да се види што ќе донесе утрешната ждрепка но минатата сезона се случи еден куриозитет, кога на неколку часа пред ждрепката, Рома ги извести своите фанови дека можат да набават билети за дуел со Ливерпул, за потоа токму овие противници да бидат споени при извлекувањето.