24фудбал

Извлечена е ждрепката за четвртфиналето од Лигата на шампионите, „ѓаволите“ добија нов пеколен противник

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за четврфиналето од Лигата на шампионите, најинтересниот дуел ќе биде помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед.

Лига на Шампиони

Одредени се паровите за четвртфиналето во најелитното европско натпреварување. Ждрепката во Нион донесе едно дерби од Премиерлигата и една мега пресметка помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед.

Паровите од четвртфиналето во ЛШ:

Ајакс - Јувентус

Ливерпул - Порто

Тотнем - Манчестер Сити

Барселона - Манчестер јунајтед

Од оваа година, во исто време се утврдуваа и паровите за полуфиналето па победникот од дуелот помеѓу Тотнем и Манчестер Сити ќе се сретне со подобриот од пресметката помеѓу Ајакс и Јувентус, додека победникот од дуелот помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед ќе вкрсти со подоброт од дуелот помеѓу Ливерпул и Порто.

Парови за полуфинале во ЛШ:

Тотнем/Манчестер Сити - Ајакс/Јувентус

Барселона/Манчестер јунајтед - Ливерпул/Порто