24фудбал

Ждрепката за Лигата на шампионите отвара простор за финале помеѓу Роналдо и Меси, каков меч би било тоа!

УЕФА за оваа година реши да направи измена на ждрепката, па покрај тоа што денеска беа извлечени паровите за четвртфинале, беше одреден и патот до финалето.

Лига на Шампиони

Кристијано Роналдо и Лео Меси се двете најголеми фудбалски имиња на денешницата, за едни ЦР7 е најдобриот фудбалер во светот, за други Аргентинецот е далеку пред другите.

Без разлика какви се мислењата, сите фудбалски љубители треба да се среќни што уживаат во мајсториите на двајцата. Кристијано Роналдо во вторникот со хет-трик го однесе Јувентус во четвртфиналето, а ден потоа шоу имаше и Лео Меси, кој погодуваше, асистираше и разигруваше против Лион.

За денешната ждрепка за четвртфиналето во Лигата на шампионите, УЕФА реши да направи една измена и покрај извлечените парови, го одреди и патот до завршницата

Кристијано Роналдо и Лео Меси беа смесни во различен дел од ждребот, па тие можат само да се сретнат само во евентуално финале кое на 1. јуни ќе се игра во Мадрид на „Ванда Метрополитано“.

ЦР7 против Аргентинецот во меч за најголемиот пехар од клупскиот фудбал сигурно е спектал што сакаат да го видат голем број на фанови, но едно вакво сценарио воопшто нема да биде лесно изводливо.

Јувентус треба најпрво да го помени Ајакс, противник кој на хартија важи за аутсајдер, но сите видовме каков потоп предизвикаа младите момци од Амстердам на Бернабеу против Реал Мадрид. Доколку се пласираат во полуфиналето, „бјанконерите“ ќе ги чека тежок натпревар и дуел со Тотнем или поверојатно Манчестер Сити, актуелниот шампион на Англија.

Барселона исто така има тежок распоред. Во четвртфиналето ќе игра против Манчестер јунајтед, кој под водство на Солскјер покажа дека може се да направи, а доколку ги поминат „ѓаволите“, во полуфинале веројатно ќе се пресметаат со Ливерпул. „Црвените“ имаа извонредна сезона во Премиерлигата, а со триумфот од 1-3 во Минхен покажаа дека се подготвени одново да одат до крајот во Лигата на шампионите.