24фудбал

Одредени паровите за четвртфиналето во Лига Европа

Извршена е ждрепката за четвртфиналето во најмасовното европско натпреварување, најатрактивен е дуелот помеѓу Наполи и Арсенал.

Лига Европа

По ждрепката за Лигата на шампионите, УЕФА ги одреди и парите во четвртфиналето во Лига Европа.

Најатрактивен дуел во најмасовното европско натпреварување ќе биде пресметката помеѓу Наполи и Арсенал. Двата преставника на Шпанија ќе играат еден против друг, а најдобро помина Челси, кој за противник јад оби Славија Прага.

Паровите во четвртфиналето од Лига Европа:

Наполи – Арсенал

Виљареал – Валенсија

Бенфика – Ајнтрахт

Славија Прага – Челси

Исто како и во ждрепката за Лигата на шампиони, и во Лига Европа беше одреден патот до финалето. Победникот од дуелот помеѓу Наполи и Арсенал ќе вкрси со подобриот од пресметката помеѓу Виљареал и Валенсија, а во второто полувинале ќе играат победниците од Бенфика - Ајнтрахт и Славија Прага – Челси.

Полуфинеле во ЛЕ:

Наполи/Арсенал – Виљареал/Валенсија

Бенфика/Ајнтрахт - Славија Прага/Челси