24фудбал

Реал Мадрид ја одреди цената за Родригез

Се шпекулира дека Кралевите веќе ја одредиле цената за Колумбиецот кој се по извесно е дека се враќа во Мадрид, а Баерн Минхен нема намера да го откупи неговиот договор.

Шпанија

Реал Мадрид на лето ќе го продаде Хамес Родригез за 50 милиони евра, откако тој ќе се врати во клубот по истекот на позајмицата во Баерн Минхен, пренесе Ел Конфиденсиал.

Колумбиецот веќе влезе во последните месеци од двегодишниот договор во Баерн Минхен, а се шпекулира дека германскиот тим нема намера да ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор со Реал Мадрид.

Германскиот шампион има опција вредна 35 милиони евра, која може да ја искористи доколку сака да го задржи Колумбиецот на подолг рок, а повеќе медиуми најавија дека Бундеслигашот истата нема да ја искористи.

Плејмејкерот му се приклучи на Баерн Минхен во 2017. година како позајмен фудбалер, а во периодот минат во сегашниот клуб имаше и несогласувања со шефот на стручниот штаб Нико Ковач.