24фудбал

Фудбалер на Хајдук погоди и прослави во стилот на Роналдо и Симеоне (ВИДЕО)

19 годишниот фудбалер на сплитски Хајдук веднаш беше санкциониран со исклучување од мечот во кој неговиот тим славеше со 3-1 над Хрватски Драговољац, неговиот гест не помина неказнето.

Останато

Диего Симеоне е казнет парично поради начинот на кој прослави во победата на Атлетико Мадрид против Јувентус, откако најпрво се фати за меѓуножјето, и на таков начин гестикулираше, иако се правдаше дека тоа нема никаква врска со противничката екипа, на крајот доби казна.

Од друга страна пак, Кристијано Роналдо поради истата причина се уште чека на тоа дали ќе биде казнет, а интересна вест ни пристигнува од Хрватска, каде млад фудбалер на Хајдук прослави во стилот на Симеоне и Роналдо истовремено.

Тино Блаж Лауш најпрво погоди за тимот од Сплит, за потоа да следи гестикулација која беше „наградена“ со директен црвен картон од главниот арбитар на мечот, на што од Хајдук веднаш реагираа дека било престрога одлука.