24фудбал

Газдата на Олдам: Сколс ме извести преку СМС порака, не сакаше ниту да дискутира за одлуката да се повлече

Првиот човек на англискиот нисколигаш ги негираше обвинувањата дека се мешал во работата на Сколс на клупата на Олдам, тој додава дека поранешниот англиски репрезентативец имал максимална поддршка од клубот и одврзани раце за работа.

Англија

Легендата а воедно и поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс влезе во тренерските води, но, неговата авантура во англискиот нисколигаш Олдам мина неславно.

Само 31 ден траеше престојот на Сколс на клупата на Олдам, а тој си поднесе оставка откако како причина за таквата негова одлука наведе дека од клубот сакале да му влијаат на работата, го наведе сопственикот на клубот Абдалах Лемсагам како човек кој „пикирал“ кој да игра за таа екипа, но, првиот човек на Олдам ја изнесе својата страна од оваа приказна.

Сите во клубот вклучувајќи ме и лично мене му дадовме максимална поддршка на Пол, а воедно и целосната слобода да го предводи тимот онака како што тој посакува. Лично јас, секогаш ги поддржував неговите одлуки“ се вели во соопштението на официјалниот клупски сајт на Олдам, потпишано токму од Лемсагам.

И покрај резултатите кои ги оствари, јас секогаш го поддржував и му велев дека е сигурен на таа позиција, нашата цел беше да останеме во Лига 2 оваа сезона и да работиме максимално со тимот за повисоки цели идната сезона“ додава тој.

Јас бев во Дубаи изминатите неколку седмици и практично мошне лесно дознав дека тој се повлече од клупата, бев премногу изненаден кога тој одлуката ми ја пренесе преку СМС порака, воедно и одби да дискутира за причините кои го навеле да донесе таква одлука“ посочи првиот човек на Олдам.

Сколс претходно работеше во младинскиот погон на Манчестер јунајтед, а мал период мина и на клупата на Салфорд, предводејќи го четвртолигашот Олдам тој оствари само една победа во седум меча, три  ремија и исто толку порази.