24фудбал

Квајарела по четири години повторно во составот на Аѕурите, Балотели и Белоти изоставени

Италија ги има Лихтенштајн и Финска во календарот за овој месец во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2020. година, а селекторот на таа репрезентација веќе го објави составот за претстојните натпревари.

Останато

Леонардо Спинаѕола, Леонардо Паволети и Фабио Квајарела се најдоа во составот на најсилната италијанска фудбалска репрезентација, во првиот избор за селекторот на Аѕурите, Роберто Манчини за 2019. година.

Во составот кој го одбра Манчини немаше место за Марио Балотели, ниту пак за Андреа Белоти, но, затоа пак имаше за искусниот 36 годишен напаѓач на Сампдорија, Квајарела кој се враќа во составот на националниот тим за прв пат по октомври 2015. година, а последниот настап го имаше пет години пред тоа.

Манчини наместо Балотели или Белоти, повеќе го преферираше Паволети, кој постигна 12 погодоци во досегашниот дел од сезоната во дресот на Сасуоло, а во составот на Италија се врати бекот на Јувентус, Спинаѕола, а Старата дама има дури шестмина фудбалери во составот на Манчини.

Заслужено повик доби и талентираниот Николо Ѕаниоло од Рома, како и Мојсе Кен од Јувентус, а поради повреда ќе отсуствува Инсиње од Наполи.