24фудбал

Ивановски не игра за Хајдук поради ставки од договорот? (ФОТО)

Неизвесна е иднината на Македонецот на Пољуд, тој во редовите на Хајдук пристигна ланското лето, но, се здоби со повреда, па се вклопи во лошата сезона на тимот од Сплит, а 24сата наведува дека не игра поради една стапка од неговиот договор.

Македонија

Хајдук утре на домашен терен го пречекува Рудеш во редовното коло од најсилниот хрватски фудбалски шампионат, а шефот на стручниот штаб на тимот од Сплит, Синиша Орешчанин на прескоференцијата во пресрет на утрешниот меч беше запрашан за статусот на Мирко Ивановски, 29 годишниот македонски напаѓач од редовите на Хајдук.

„Тој има нормален тренажен процес, ќе видиме дали ќе биде во составот“ рече Орешчанин, откако Ивановски се врати во стројот на хрватскиот прволигаш и целосно се рехабилитираше од повредата.

Сепак, досега тој забележа 22 настапи на кои постигна пет погодоци и три асистенции, но, 16 пати беше на терените по 45 минути или повеќе од тоа, а до автоматско продолжување на договорот со Хајдук му преостануваат уште најмалку четири настапи подолги од по 45 минути, за што наведе хрватски „24 сата“.


Што со Ивановски? Здрав е, но не игра поради ставки од договорот“ пишува хрватскиот медиум, а истиот додава дека до автоматско продолжува на договорот на македонскиот напаѓач би дошло доколку тој во продолжението од сезоната забележи најмалку четири настапи подолги од по 45 минути.

Јасно е дека конечната одлука околу иднината на Ивановски е во рацете на Хајдук, Македонецот се вклопи во сивилото на тимот од Сплит кој има лоша сезона зад себе, а Битолчанецот притоа се здоби и со повреда која го оддалечи од терените, неговиот актуелен важечки договор со клубот истекува на лето.