24фудбал

Канаваро го наследи Липи на селекторското столче на Кина

Италијанецот своето деби на клупата на Кина ќе го има идниот четврток, а таа позиција ја наследи од Липи кој се повлече по неуспехот на Азискиот куп во јануари.

Останато

Кина и официјално го назначи поранешниот капитен на Италија, Фабио Канаваро за нивен нов селектор на најдобрата тамошна фудбалска репрезентација.

Поранешниот фудбалер на Парма, Реал Мадрид и Јувентус, кој го освои Светското првенство со Италија во 2006. година ќе продолжи да го предводи кинескиот суперлигаш Гвангжу Евергранде, 

Како и да е, се уште не е познато дали селекторската позиција за 45 годишниот Канаваро е само привремен ангажман за Италијанецот, или соработката ќе биде на подолг рок.

Канаваро го наследи Марчело Липи на клупата на Кина, а тој ќе дебитира на таа позиција идниот четврток против Тајланд на Кинескиот Куп, во пресрет на можното финале од тоа натпреварување против Узбекистан или Уругвај.

Липи се повлече од селекторската позиција во Кина по елиминацијата уште во четвртфиналето од Азискиот куп во јануари, но, тој ќе остане во стручниот штаб како советник.