24фудбал

Касиљас и следната сезона на голот на Порто

Поранешниот долгогодишен голман на Реал Мадрид ја игра својата четврта сезона во дресот на португалскиот шампион, а една клаузула од неговиот договор кој истекува на лето најавува негово останување и следната сезона.

Останато

Една клаузула во договорот на Икер Касиљас со Порто би значела дека искусниот 37 годишен шпански голман ќе остане и идната сезона во редовите на португалскиот шампион.

Според информациите кои ги објави Рекорд, се вели дека клаузулата во договорот на Касиљас вели дека би се искористила опцијата на дополнителни 12 месеци доколку одигра најмалку 30 натпревари оваа сезона, нешто што веќе е надминато, откако Шпанецот досега забележа 34 настапи.

Со ова, извесно е дека нема да се остварат шпекулациите во однос на иднината на Касиљас, за кого се наведуваше дека би можел да се пресели во САД по неговите четири сезони во редовите на Порто.

Порто оваа сезона се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде ќе ги одмери силите со Ливерпул.