24фудбал

Мирор: Зидан и Реал со 300 милиони фунти ќе тргнат по три ѕвезди од Премиерлигата

Според пишувањата на Мирор, Зинедин Зидан ќе добие трансфер буџет од 300 милиони фунти (околу 350 милиони евра) и на врвот на листата со желби на новиот тренер на Реал Мадрид е Рахим Стерлинг.

Англија

Откако Зинедин Зидан се врати на кормилото на Реал, веднаш почнаа да се појавуваат шпекулации за тоа кој се би можел да пристигне летоска на Сантијаго Бернабеу.

Името на Еден Азар е споменувано од сите, а тука се и двете ѕвезди на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе. Пол Погба исто така беше посочен како опција, како и Садио Мане и уште многу други.

Денешното издание на Мирор има ексклузивна вест на оваа тема и вели дека Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Весникот пишува дека Зинедин Зидан е голем фан на Англичанецот и потсетува дека Французинот за напаѓачот во 2015 рекол: „Секако дека го следиме неговиот прогрес“. Мирор додава дека „кралевите“ го мониторирале Рахим Стерлинг во 2014 и 2018 и сега ќе го одврзат ќесето за негов ангажман, но не обелоденуваат конкретна бројка за реализација на овој трансфер.

Во сторијата се вели дека Зинедин Зидан ќе има на располагање буџет за засилувања од околу 300 милиони фунти (350 милиони евра) и ќе ги користи овие средства за уште две ѕвезди од Премиерлигата, Еден Азар и Кристијан Ериксен.

Проверете го викенд тикетот на BetAdria.com.