24фудбал

Пато е слободен играч, ќе се врати ли Бразилецот во Серија А?

Александре Пато и официјално го раскина договорот со кинескиот клуб Тианџин Кванџијан и сега е слободен фудбалер.

Италија

29-годишниот Бразилец беше во Кина од јануари 2017 година каде постигна 36 голови на 60 натпревари за својот клуб.

Тој пред извесно време на социјалните мрежи постираше дека не е среќен, а денеска доаѓа информацијата дека го раскинал договорот со кинескиот клуб.

Се шпекулира дека Пато сака да се врати во Серија А. Тој најголемата своја промоција ја доживеа во дресот на Милан каде постигна 63 голови во 150 натпревари.

Како слободен фудбалер тој може да потпише и надвор од преодниот рок, па веројатно нема да помине многу време за да дознаеме која ќе биде следната дестинација на Пато.

Проверете го викенд тикетот на BetAdria.com.