24фудбал

Иско постигна гол по шест месеци, Зидан тргна со победа (ВИДЕО)

Реал Мадрид триумфираше со 2-0 над Селта во првиот меч по враќањето на Зинедин Зидан на кормилото, Иско и Бејл се погрижија трите бода да останат на Сантијаго Бернабеу.

Шпанија

Зизу направи неколку измени во составот за денешниот меч, Навас затана на голот а шанса од првата минута добија Марсело, Иско и Бејл.

„Кралевите“ можеби не блескаа на теренот, но одиграа доволно квалитетно за да стигнат до трите бода. Иско по шест месеци постигна гол во Ла Лига и донесе водство од 62. минута.

Прашањето околу победникот го реши Герет Бејл, Велшанецот во 77. минута ја затресе мрежата на Селта за 2-0.