24фудбал

Даглас Коста признава: Верувале или не, кога пристигна Роналдо во Јувентус...

Бразилецот од редовите на Старата дама открива какво било неговото мислење во моментите кога се официјализира трансферот на Роналдо во италијанскиот првак, Португалецот брзо ги реши сите дилеми.

Италија

Офанзивецот на Јувентус, Даглас Коста призна дека се сомневал во тоа каков ефект ќе има Кристијано Роналдо во тимот на Старата дама, тоа најмногу се однесувало на атмосферата во соблекувалната по пристигнувањето на португалската ѕвезда.

Роналдо се приклучи на Бјанконерите ланското лето за 112 милиони евра, откако си замина од редовите на Реал Мадрид, тој на 33 години доби 31 милион евра плата од сезона, што е за три пати повеќе во однос на било кој од останатие фудбалери во Серија А, но, Португалецот брзо одговорил на сите сомнежи околу неговиот афект во Старата дама.

Верувале или не, но, кога Кристијано Роналдо пристигна во Јувентус, тоа беше доста озборувана тема во тимот, јас лично се запрашав каква ќе биде атмосферата во соблекувалната по ова?“ изјави Коста.

Ние сите се почитуваме меѓусебно во тимот, сите поединечно бараме место во тимот, но, Кристијано ги освои симпатиите на сите мошне брзо“ додаде Бразилецот.

Тој е едноставна личност, многу работи, сака да победува, Јувентус бараше фудбалер токму со таков менталитет, тој даде многу досега, кога пристигна, си реков, најдобриот фудбалер на светот дојде кај нас, така? Откако тој дојде, клубот во многу аспекти се подобри, постигнува голови секоја седмица, донесе многу повеќе навивачи на стадионот и се надевам дека со него ќе освоиме многу титули и ќе запишеме историја“ заклучи Коста.

Роналдо ужива одлична прва сезона во дресот на Јувентус постигнувајќи 24 погодоци, како и 12 асистенции во неговите 36 настапи, Португалецот постигна хет-трик во реванш пресметката со Атлетико Мадрид, предводејќи го Јувентус до место во четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде ќе се судри со Порто.

Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.