24фудбал

Чичарито донесе победа со луд пресврт за Вест Хем против Хадерсфилд (ВИДЕО)

Поради натпреварите од ФА Купот на Англија, поголем дел од натпреварите во редовното 31 коло во Премиерлигата беа одложени, а денеска се одиграа три пресметки.

Англија

Три натпревари се одиграа денеска, а љубителите на фудбалот имаа можност да проследат спектакуларен меч помеѓу Вест Хем и Хадерсфилд, екипа која сезонава ќе испадне од елитното друштво на Островот и ќе се врати во Чемпионшип дивизијата.

Вест Хем славеше со 4-3, иако гостите имаа водство од дури 1-3 во второто полувреме, а први до водство дојдоа токму Чеканите со голот на Ноубл од пенал во 15. минута.

Само две минути траеше радоста на домаќините откако Бакуња израмни на 1-1, а Ахерн-Грант во 30. минута донесе пресврт за Хадерсфилд од 1-2, а со тој резултат се замина на паузата.

Во второто полувреме истиот играч му донесе водство на гостинот и од 1-3, но и тоа не беше доволно ниту за бод за последно пласираната екипа на табелата во Премиерлигата.

Огбона во 75. минута намали на 2-3 и навести интересна завршница од пресметката во Лондон, во која вистински херој беше „златната резерва“ Чичарито, откако мексиканскиот напаѓач најпрво во 84. минута израмни на 3-3, за во судиското продолжение погоди и за конечни 4-3.


Од останатите натпревари, Борнмут и Њукасл ремизираа со 2-2, а Лестер беше подобар на гостувањето кај Барнли триумфирајќи со 1-2.

Утре се среќаваат Фулам – Ливерпул, како и Евертон – Челси.

Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.