24фудбал

Ла Република доби „крт“ од соблекувалната на Интер: Поделени сме на три фракции, Мауро не може да ги поднесе...

Извор од соблекувалната на Нероаѕурите прогови за Ла Република за тоа што се случува со италијанскиот прволигаш во однос на ситуацијата со Мауро Икарди и како настанал сиот хаос со Аргентинецот.

Италија

Одредени извори за италијанските медиуми тврдат дека соблекувалната на Интер е поделена на три фракции, а наводно Мауро Икарди ги бранел своите соиграчи од хистеричните критики на Лучијано Спалети.

Икарди нема ниту натпревар за Нероаѕурите, ниту пак тренира со екипата откако му беше одземена капитентската лента на 13 февруари, иако тој наведуваше дека поради повреда отсуствува, медицинскиот тим на клубот посочи дека Аргентинецот не е повреден, со што стана јасно дека тој протестира.

Весникот Ла Република објави вест одвнатре во тимот, од неименуван извор од составот на Интер кој посочи каде настанал хаосот во ситуацијата со Икарди.

Никој од нас не побарал од Спалети на Икарди да му биде одземена капитентската лента“ посочи изворот во своедо сведоштво за весникот.

Икарди беше иритиран од тонот на кој Спалети ги критикуваше неговите соиграчи и побара од тренерот да го промени сето тоа“ додаде тој.

Реакцијата беше екстремно насилна, кога му се одзеде капитентската лента, тоа беше како дамка на Мауро, тој постојано укажуваше на фактот дека има 97,5 % од пристигнување на време на тренинзите, таа порака постојано им ја укажуваше во клубот, како доказ за неговиот професионален однос во сиве овие години“ посочи изворот кој притоа додаде и дека во соблекувалната на Нероаѕурите постојат три фракции.

Соблекувалната е поделена на три фракции: Италијанци, Јужноамериканци и Словени. Мауро со сите се согласува освен со Перишиќ, Брозовиќ и Хандановиќ (новиот капитен), истото не може да се каже и за Спалети, Балканизацијата на Интер е на една неповратна патека“ заклучи изворот за Ла Република.

Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.