24фудбал

Ливерпул нема да се расфрла со пари на лето, Клоп има други планови

Германскиот фудбалски стратег ги откри првичните планови за летниот преоден рок, односно, како би требало тимот од Енфилд да помине во тој период на трансфери.

Англија

Јирген Клоп се произнесе околу плановите за летниот преоден рок, каде посочи дека неговиот првичен план е да го развие неговиот сегашен состав со кој располага, со тоа што Ливерпул нема потреба да се расфрла со пари на лето.

51 годишниот германски фудбалски стратег по Алисон, Кеита, Фабињо, Шаќири, извесно е дека повеќе нема некоја посебна желба за засилување на тимот со кој располага, тој очигледно е задоволен од составот и сега сешто посакува е истиот да го развие на максимално ниво.

Не би сакал да кажам што точно ќе направиме, но, мислам дека Ливерпул во овој момент не е екипа која треба да потроши големи пари на лето“ изјави Клоп.

Најдоброто нешто кое треба да го сториме е да креираме група од фудбалери, да се обидеме да ја развиеме заедно и истата да остане заедно одреден период“ додаде шефот на стручниот штаб на тимот од Енфилд.

Можеби тоа бил главниот проблем на Ливерпул во последната деката, кога имаат добар тим по една сезона, ќе се разотидат играчи низ целиот свет, тоа нема да се случи оваа сезона, сигурно“ заклучи Германецот во изјавата за Скај Спортс.

Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.