24фудбал

Солскјер го кани Сколс во Манчестер јунајтед

Сколс си замина од клупата на Олдам по само 31 ден, паднаа тешки обвинувања од него до раководството на тој клуб, а сега неговиот поранешен соиграч од легендарната генерација на Манчестер јунајтед го кани да се врати на Олд Трафорд.

Англија

Оле Гунар Солскјер ја отвори вратата за Пол Сколс да се врати во Манчестер јунајтед, откако тој се повлече од функцијата тренер на нисколигашот Олдам, откако по неговите причини кои ги наведе, се сретнал со катастрофални услови во тој клуб, а обвини и дека раководството на истиот му се мешало во работата.

Поранешните соиграчи од Манчестер јунајтед од 1996. до 2007. година можеби би можеле повторно да соработуваат во тимот од Олд Трафорд, можеби Сколс да добие некоја улога како тренер во помладите категории на клубот, а шефот на стручниот штаб на Црвените ѓаволи, Солскјер јавно откри дека Сколс е добредојден.

Тој е добредојден тука, повикан е доколку сака да дојде и да има одредени разговори на таа тема, ние обајцата си разменивме по некоја порака, но тоа не донесе ништо, тоа секако ќе треба да одлучи менаџментот на клубот“ рече Солскјер.

Запрашан за тоа да потврди дали неговата понуда до Сколс била вистинска, Солскјер беше краток во одговорот, но и сосема јасен: Дефинитивно, да“.

Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.