24фудбал

Манчестер Сити со голем пресврт се протна во полуфиналето од ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити губеше со 2-0 на гостувањето кај Свонси, но во последните 20 минути од мечот направи голем пресврт, победи со 3-2 и се пласираше меѓу четирите најдобри во ФА Купот.

Англија

Свонси можеше да направи сензација во ФА Купот и да го елиминира Манчестер Сити, но падна во последните 20 минути од натпреварот.

Домаќините поведоа со гол од пенал на Гримс, а девет минути подоцна ја зголемија предноста на 2-0 благодарение на погодок на Челина.

Водството од 2-0 траеше до 69. минута кога Бернардо Силва постигна гол за намалување на резултатот на 2-1, Сити се врати во живот.

Десет минути подоцна беше суден пенал за Манчестер Сити иако впечаток е дека Стерлинг го одглуми прекршокот. Агуеро шутираше во стативата, но домаќините немаа среќа, топката се одби во грбот на нивниот голман и влезе во мрежата за 2-2.

Во 89. минута Агуеро постигна гол со глава за комплетен пресврт, победа на Сити од 3-2 и пласман во полуфиналето.

Таму ќе биде и Ватфорд кој со 2-1 го совлада Кристал Палас.