24фудбал

Реал на два бода до Атлетико, Јорганџиите со пораз на гостувањето во Билбао (ВИДЕО)

Се заострува битката за второто место на табелата во Примера, Зидан по враќањето на клупата на Реал денес тргна со победа, три бода кои сигурно носат голема надеж за тимот од Мадрид кој се доближи на само два бода од својот градски ривал.

Шпанија

Атлетико Мадрид со пораз од 2-0 се враќа од гостувањето кај Атлетик Билбао во натпреварот од регуларното 28 коло во најсилниот шпански фудбалски шампионат.

Мрежите мируваа во првиот дел од мечот во Билбао, но затоа во вториот беа постигнати два гола со кои се реши победникот, во полза на домашниот тим кој најпрво во 73. минута преку Вилијамс дојде до почетна предност од 1-0, а конечниот исход од средбата го постави Кодро со својот гол во 85. минута.



Претходно Алавес славеше со 1-3 кај Хуеска, а Реал Мадрид со 2-0 беше подобар од Селта на домашен терен.

Со исходот од денешните натпревари, Реал Мадрид (54) сега се доближи на само два бода до својот градски ривал Атлетико Мадрид (56), Барселона во моментов со меч помалку од обете екипи е лидер на табелата со 63 досегашни освоени бода. Утре Каталонците гостуваат кај Бетис во вечерниот термин од 20,45 часот.