24фудбал

Рома киксираше, СПАЛ со сиот плен од дуелот со Римската волчица (ВИДЕО)

Втор пораз за Римската волчица во дуелите со СПАЛ оваа сезона, тимот на Раниери сега ќе има тешка битка за место во топ четири до крајот во Серија А, за СПАЛ ова се драгоцени бода во битката за опстанок во елитното друштво.

Италија

Рома се враќа со пораз од гостувањето кај СПАЛ, за едните ова се драгоцени три бода загубени во битката за место во топ четири од Серија А сезонава, односно место во Лигата на шампионите, за другите драгоцени три бода освоени во битката за опстанок во елитното друштво на Италија.

СПАЛ славеше со 2-1, а резултатот по првите 45 минути игра беше 1-0 во полза на домаќините кои до почетно водство дојдоа со голот на Фарес во 22. минута.

По само осум минути игра во вториот дел Пероти од пенал израмни на 1-1, но Петања во 59. минута повторно го врати СПАЛ во водство, погодувајќи од пенал за конечни 2-1.


Со оваа победа СПАЛ се одлепи на пет бода од Болоња (меч помалку) која се наоѓа на 18. позиција на табелата во Серија А, односно во зоната за испаѓање, а што се однесува пак до Рома, таа со 47 бода сега е на петтото место, Интер има три бода повеќе, Милан четири, а градските ривали од Милано утре имаат директна пресметка.

Претходно, Сампдорија славеше на гостувањето кај Сасуоло со 3-5 во еден доста интересен меч, а во терминот од 20,30 часот се среќаваат Торино и Болоња.


Утре играат: Џенова – Јувентус (12,30), Аталанта – Киево (15,00), Емполи – Фросиноне, Лацио – Парма, Наполи – Удинезе (18,00), како и Милан – Интер (20,30).