24фудбал

Раниери пресече: Доколку не се пласираме во ЛШ...

СПАЛ освои златни три бода во битката за опстанок во елитното друштво на Италија, за Рома тоа се три бода загубени во битката за топ четири во Серија А, односно место во Лигата на шампионите.

Италија

Клаудио Раниери призна дека СПАЛ заслужил да победи против екипата која тој ја предводи во моментов, Рома, но, искусниот италијански фудбалски стратег подвлече што ќе се случи доколку Римската волчица не обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Игравме против екипа а ние не бевме екипа. Еуфорија без организација не е доволно, го загубивме практично секој дуел, посебно оние еден на еден, очајноста се гледа, СПАЛ во одреден период и трошеше време во второто полувреме, што јас целосно го разбирам во нивниот случај“ рече Раниери.

Рома киксираше, СПАЛ со сиот плен од дуелот со Римската волчица (ВИДЕО)

Доколку Рома обезбеди место во Лигата на шампионите, тоа е веќе нешто добро, но, доколку не успееме во таа намера, тогаш неколкумина ќе имаат промени, уште првиот ден кога дојдов тука им кажав на момците дека треба да се подобрат“ додаде Раниери кој најави промени во тимот при евентуален неуспех на крајот од актуелната сезона.

Рома сега се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А, со три бода заостанување зад Интер, односно четири зад Милан, обете екипи од Милано утревечер играат меѓусебен дуел во градското дерби.

Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.