24фудбал

Пеп се извини поради тоа што Сити победи само затоа што во Англија нема ВАР

Манчестер Сити го победи Свонси во гости со 3-2, два од трите погодоци немаше да се случат доколку во Англија имаше ВАР.

Англија

ВАР има во ФА Купот, но само на стадионите на Премиерлигашите, па на денешниот дуел меѓу Свонси и Манчестер Сити немаше.

Свонси водеше со 2-0 против Манчестер Сити кој даде три гола во последните 20 минути и победи со 3-2. Еден од тие погодоци беше од офсајд, а друг од непостоечки пенал.

„Низ цела Европа има ВАР, но тука нема. Не сакам да победувам на ваков начин. Жал ми е“, изјави Пеп Гвардиола по натпреварот.

Англија во Премиерлигата од следната сезона ќе воведе ВАР, последна од големите првенства во Европа.

Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.