24фудбал

Изненадување на „Молињу“, Вулверхемптон го елиминираше Манчестер јунајтед и патува на Вембли по 21 година! (ВИДЕО)

„Волците“ се пласираа помеѓу четирите најдобри во најстарото фудбалско натпреварување, Хименез и Жота го фрлија Манчестер јунајтед на колена во четвртфиналето.

Англија

Манчестер јунајтед е елиминиран од ФА Купот. „Ѓаволите“ се надеваа дека ќе му застанат на патот на лутиот градски ривал Манчестер Сити на патот кон историски успех и освојување на четири трофеи, но вечерва беа изненадени на гостувањето на „Молињу“.

Вулверхемптон одигра одлично во одбрана и ги искористи шансите кои ги креираше. Хименез најави голема победа во 70. минута откако одлично се снајде во шеснаестникот на гостите.

Шест минути подоцна, Жота искористи едно невнимание на Шо и силно биеше на првата статива за 2-0. До крајот на мечот Рашфорд само постигна почесен гол во 95. минута и ги постави конечните 2-1.

Па „Волците“ за прв пат по 21 година ќе играат на Вембли полуфинале од ФА Купот.