24фудбал

Одлична асистенција и мајсторски гол на Несторовски за четири минути, Палермо чекори кон нова победа (ВИДЕО)

Палермо на полувреме води 2-0 против Карпи а главен виновник е Илија Несторовски, Македонецот во период од четири минути забележа асистенција и гол.

Италија

„Сицилијанците“ чекорат кон нова победа и во дуелот со Карпи на пауза заминаа со водство од 2-0. Најзаслужен за ова капитална предност е Илија Несторовски. Македонецот во период од четири минути забележа асистенција и гол.

Капитенот најпрво во 11. минута со глава одлично спушти за Фалети, кој реализираше за 1-0.


Потоа „Нестогол“ доби една топка пред шеснаесетникот, убаво се солободи од својот чувар и со десна биеше прецизно по земја за 2-0 во 15. минута.