24фудбал

Пандев: Емоциите се огромни кога ќе се даде гол пред „курва норд“, стадионот еруптираше!

Горан Пандев вели дека Џенова сосема заслужено триумфирала над Јувентус и додава дека победата е за сите, тренерот, тимот и фановите, кои крирале фантастична атмосфера.

Италија

Горан Пандев помогна Џенова да стави крај на одличната серија на Јувентус. „Старата Дама“ немаше пораз во Серија А откако загуби дома со 0-1 во пресметката со Наполи во април 2018, а на гости последен пат загуби во ноември 2017.

Македонецот попладнево блесна против шампионот на Италија, најпрво му асистираше на Стураро за 1-0 а потоа самиот го дотолчи противникот со прецизен шут од врвот на шеснаесетникот за триумф од 2-0.

„Одигравме одличен натпревар, бевме солидни во првото, и за нијанса поквалитетни во второ полувреме. Ги реализиравме шансите и сосема заслужено победивме“ – вели Горан Пандев.

„Против големите тимови играме далеку подобро. Ни оставаат простор, и кога ќе се отворат, доаѓа до израз нашиот квалитет, имаме брзи и технички добро потковани играчи. Денеска го демонстриравме ова. Пруживме извонредна партија и можевме многу порано да го решиме прашањето за победникот“.

„Победата е за сите, тренерот, тимот, фановите. Ова се три важни бода“.

„Емоциите се огромни кога ќе се даде гол пред „курва норд“, стадионот еруптираше. Фановите ни беа од голема помош и кога ќе се креира ваква атмосфера, тешко е да се загуби и победа е единствена опција“.