24фудбал

Несторовски го дотолчи Карпи со втор гол, го напушти теренот и доби стоечки овации на „Барбера“ (ВИДЕО)

Палермо славеше над Карпи со убедливи 4-1, Илија Несторовски беше прв играч на домаќините, Македонецот забележа асистанција и два гола и доби стоечки овации кога го напушти теренот.

Италија

Палермо на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски прокнижи нови три бода, денеска на домашен терен славеа против Карпи со 4-1.

„Сицилијанците“ брзо стигнаа  до предност од 2-0. Несторовски со глава симна една топка а Фалети, кој реализираше за 1-0 во 11. минута. Потоа се сменија улогита, и Македонецот погоди за 2-0 во 15. минута.

На стартот од вториот дел, Карпи намали на 2-1, но гостите во продолжението останаа со двајца ирачи помалку па Палермо во финишот ја осигура победата и ги реши сите дилеми.

Пушкаш погоди во 85. минута за 3-1, а Несторовски 180 секунди подоцна заврши една контра за 4-1. Капитенот на Палермо веднаш беше повлечен од игра и доби сточеки овации од публиката на „Барбера“.