24фудбал

Џенова со интересен коментар за одличната партија на Пандев против Јуве: Волкот го менува влакното, но не и карактерот!

По долго време, Јувентус денеска загуби во Серија А, Џенова инспирирана од Горан Пандев го зеде „скалпот“ на шампионот на Италија и славеше со 2-0.

Италија

Македонецот во минатото имаше неколку одлични изданија против Јувентус, денеска тој одново блесна против „Старата дама“ и го крена на нозе „Ферарис“ кога во 81. минута биеше извонредно и ја започати победата.

Па Џенова имаше интересн коментар за партијата на Македонецот, која ги инспирираше популарните „росо-блу“ до голема победа над актуелниот шампион на Италија, кој долго време немаше пораз во Серија А.

„Волкот го менува влакното, но не и карактерот. Втора младост за Горан Пандев. Напаѓачот го испрати торпедото кое ја потопи „Старата дама“, ден за кој ќе се раскажува во иднина“ – гласеше пораката.

Македонецот во разговор за официјалната веб страна на Џенова рече: „Многу сум среќен, ова беше натпревар од голема важност откако на претходните неколку меча не стигнавме до посакуваните резултати. Можеби играме подобро кога сме под притисок... Би сакал да им се заблагодарам на фанвоите. Тие беа инзвонредни“.

„На кого го посветив погодокот? На Џенова и моето семејство. Добро се подготвивме за овој дуел и го одработивме она што го побара тренерот од нас. Ни оставија простор за игра и ние знаевме како да го искористиме тоа. Го оставивме срцето на терен и забележавме голем успех“.