24фудбал

Луд меч на Сан Сиро, Д’Амброзио расчити од гол-линијата во последните мигови за големо славје на Интер (ВИДЕО)

Интер го доби дербито со локалниот ривал Милан, во луд меч на Сан Сиро, „нероаѕурите“ славеа со 2-3, но во судиското надополненија „росонерите“ пропуштија две големи шанси.

Италија

Милан влезе како фаворит во 170-то „Дерби дела Мадонина“, „росонерите“ имаа пет победи во низа во Серија А и цел состав на располагање, додека пак Интер е во криза, Икарди одбива да тренира, резулатите не се на потребното ниво а и неколку играчи се повредени.

Сепак „нероаѕурите“ одлично го отворија мечот, една нафрлена топкна на Перишиќ, Мартинез ја спушти во петерецот каде Весино небранет од неколку метри ја затресе празната мрежа за 0-1.

На стартот од второто полувреме, Де Врај скокна највиско по еден корнер и донесе предност за гостите од 0-2. Милан сепак брзо се врати во игра и преку Бакојоко намали на 1-2 во 57. минута.

Десет минути подоцна, се случија комични сцени на Сан Сиро. Политано падна по еден минимален контакт со Кастиљехо на работ од шеснаесетникот, а судијата Гвидо убаво се лизна и се испотепа, а кога стана покажа на белата точка на неверување на домаќините.

Лаутаро Мартинез ја превзеде одговорноста и реализираше за 1-3 во 67. минута од мечот.

Но ниту овој гол не го скрши Милан, Мусакио најдобро се снајде по една мешаница пред голот на Хандановиќ, намали на 2-3 и најави интересна завршница.

Конти во последните мигови од регуларниот дел доби црвен картон за опасен старт врз Лаутаро Мартинез, но со ВАР и прегледување на снимките, одлуката беше преиначена во жолт картон па домаќините продолжија да притискаат за изедначување.

Милан можеше да дојде до бод во финишот од мечот, но Хандановиќ најпрво со чудесно одбрани со рамо по ударот на Кастиљехо за во последните мигови Д’Амброзио расчисти од гол-линијата.