24фудбал

Блокадата на Д’Амброзио на гол-линијата во 96. минута со која им ги скрши срцата на навивачите на Милан (ВИДЕО)

На Сан Сиро вечерва беше драматично буквално до последните секунди од мечот, Милан имаше огромна шанса да избегне пораз но Д’Амброзио на гол-линијата го блокираше обидот на Кутроне.

Италија

Интер беше во водство од 3. минута, во два наврати имаше два гола позитива, но на крајот можеше да остане само со бод од гостувањето кај лутиот градски ривал.

Милан имаше огромна шанса во последните секунди од мечот, Кутроне биеше на првата статива, Хандановиќ не можеше да стори ништо, но Д’Амброзио се најде на право време во право место и блокираше на гол-линијата.

Дефанзивецот на Интер спречи радост на Милан и донесе три бода за Интер со кои „нероаѕурите“ се вратија на третата позиција на табелата.