24фудбал

Сцени кои ретко се гледаат, фановите на Бетис станаа да му аплаудираат на Лео, на Виљамарин ечеше „Меси, Меси“ (ВИДЕО)

Навивачите на Бетис не можеа да останат рамнодушни по партијата која вечерва ја пружи Лео Меси, особено неговиот мајсторски лоб во финишот од мечот, па станаа да му аплаудираат.

Шпанија

Аргентинецот уште еднаш демонстрираше дека е голем фудбалски волшебник, и вечерва против Бетис забележа хет-трик.

Првиот гол беше мајсторија од слободен удар, вториот дојде по една одлична акција со Луис Суарез, а за третиот веројатно долго ќе се зборува. Лео Меси доби топка во шеснесетникот и го лобуваше голманот на Бетис како тоа да е најлесната работа во светот.

Па новата фудбалска магија предизвика сцени кои ретко се гледаат. Домашните фанови станаа да му апладураат на Лео, и од трибините ечеше „Меси, Меси“. Познавачите на шпанскиот фудбал велат дека не паметат кога се случило вакво нешто последен пат на „Бенито Виљамарин“.