24фудбал

Е ова ќе беше врв на сите прослави, Балотели сакал да го „поздрави“ ПСЖ со маичка со ликот на Рашфорд!

Напаѓачот на Марсеј, Марио Балотели планирал на Паркот на Принцовите да изрежира прослава за паметење, контроверзниот Италијанец под дресот носел маичка со ликот на Маркус Рашфорд.

Франција

„Супер Марио“ се препороди по преселбата во Марсеј, ги тресе противничките мрежи и се забавува со луди прослави. Против Сент Етјен зеде мобилен, направи селфи и славјето со соиграчите веднаш го објави на Инстаграм.

Потоа против Ница седна крај гол-аут линијата и почна да игра лист, камен, ножички со својот соиграч Товен.

Денеска на програмата беше големото „класико“ во Франција, Марсеј гостуваше кај ПСЖ и Марио Балотели планирал на Паркот на Принцовите да изрежира прослава за паметење.

Според новинарот на Канал+, Оливие Таларон, во случај на гол во Париз, Марио Балотели планиран да покаже маичка со ликот на Маркус Рашрод под неговиот дрес.

Контроверзниот Италијанец, и покрај тоа што играше за Манчестер Сити а не за Манчестер јунајтед, сакал да ги поздрави „парижаните“ за начинот на кој беа елиминирани од Лигата на шампионите, кога Рашфорд во последните мигови погоди од пенал за големо славје на „ѓаволите“.